Блог

оставено од Vortex на 30.07.08

После 3 недели пауза мкметал се враќа на нов сервер, со подобрен девелопмент тим и со некои правила кои наскоро ќе бидат дотерани и официјализирани во правилник на сајтот. Бидејќи мкметал ќе се стреми кон асални содржини и теми, тоа за форумот ќе значи чистка. Знам дека тоа нема да им се допадне на поголемиот број на членови но сепак после толку години работење со ваков тип на сајтови заклучив дека квалитетот е секогаш подобар од квантитетот.

Администраторите ќе почнат со работа од 1ви Септ…

оставено од Vortex на 02.05.08

Вечерва конечно најдовме слободно време да ги избереме новите администратори на мкметал. Е сега, во меѓувреме беше решено да го зголемиме бројот од 3 на повеќе, за да се зголемат шансите секогаш некој да биде активен на сајтот а и вака полесно ќе ни биде ако некој реши да замине или биде разрешен од должноста. Исто така велат дека 10 глави знаат повеќе од 5.

Инаку, листата подоле не е затворена, деновиве може да биде додаден уште некој доколку сметаме дека 10 админи (новиве 7 и старите 3…

оставено од Vortex на 11.02.08

Бидејќи мкметал неодамна остана без двајца администратори (SickThrash и Temu заминаа) а членови има се повеќе и повеќе, додека јас немам доволно време да посветам на сајтов… решивме да дадеме оглас за три нови администратори.

Значи, ако мислите дека ќе ве бива за ова место или ако сакате да промените некои работи на сајтов пишете ми приватна порака и кажете во неколку реченици зошто сметате дека треба да бидете администратор, колку време ќе може да одделите на сајтов и што би смениле во …

оставено од Vortex на 10.01.08

Не, нема сајтов да паузира, ќе си работи и понатаму како и секој ден. Јас сум тој што ќе паузира поради обврски и напуштање на земјава. Што значи ова за мкметал? Ништо сериозно. Само решавањето на ситни проблемчиња и недовршените ситници, редовните апдејти со нови работи ќе си паузираат едно месец и кусур.

Значи патологијата се одложува за средината на февруари (ете повеќе време за пишување), јбг, можев да ја средам и за утревечер ама нема да биде онака како што ја замислив.

Исто така с…

оставено од Turpis на 04.01.08

По подолга пауза, патологијата се враќа. На ред е февруарската патологија, а албуми се следниве:

Ayreon – 01011001 [torrent]
Biomechanical – Cannibalised [torrent]
Benedictum – Seasons Of Tragedy [torrent]
Facebreaker – Dead Rotten And Hungry [rapidshare]
Heaven Shall Burn – Iconoclast [torrent]
*Legion…

оставено од Vortex на 28.12.07

Ок, работите почнаа да се нормализираат, фали уште работа ама повеќе функционалноста не е проблем. Накратко ќе набројам неколку работи кои се завршени во овој период а потоа новите работи ќе бидат објавувани во посебна рубрика „Што е ново?“ до која ќе може да пристапите од долниот дел на сајтот (во близина на футерот).

Одобрување пријатели

Како што можете да приметите, претходните пријатели беа пребришани поради новата структура и поради опцијата за одобрување. Пријателите ќе бидат мн…

оставено од Vortex на 18.12.07

Не ме бива за проценки и естимации, стварно не ме бива. Новиот сајт требаше да биде готов многу поодамна ама секогаш успевам да не ги земам во предвид недостатоците на време во периодот како и масовните напади од мрза и џаболебарење.

Ова што го гледате пред вас е новиот сајт, напишан е од 0, што значи дека нема буквално ништо останато од кодот на претходниот (ептен ретки исклучоци…) и затоа се што гледате во моментов е испокршено и нефункционално. Во кратки црти следниве работи не функци…

оставено од Vortex на 09.12.07

Новиот сајт требаше да биде пуштен викендов арно ама поради големината на промените и дежурниот чичко марфи и неговите педерски закони, ќе мора да го одложам отварањето на новиот сајт за барем уште една недела. Истото важи и за активирање на регистрацијата. Ќе се стрпите до 17ти, ај… :)

оставено од Vortex на 11.11.07



Иако се обидовме да го толерираме фестивалов и со тоа да направиме преседан на она што беше кажано пред неколку месеци во врска со фестивалите од натпреварувачки тип сепак работите излегоа од контрола и судејќи според коментарите ни овој нема да помине различно од другите. Од тие причини овој фестивал е додаден на црната листа на мкметал. Во превод, сите референци до фестивалов ќе бидат бришени а темите повлечени.

Немам…

оставено од Vortex на 31.10.07

Не ми се верува дека толку брзо пролетаа пет години откако првата форумска инкарнација на мкметал се појави на интернет просторот. На 31ви Октомври 2002-ра почнаа со работа Македонските Метал Форуми кои всушност беа предвидени како форумски дел на електронскиот магазин Blitzkrieg. Првите два дена форумот помина неславно со чести прекини и падови, и конечно на 2ри Ноември почнаа да се регистрираат членови. Тогаш интернетот беше скап, имаше едвај 70-тина регистрирани во првите 2-3 месеци а пора…