Рецензии / Arch Enemy - Anthems Of Rebelion

8

Млади Бунтовници

од Игор Жо (40 Рецензии)
Wed May 21 11:37:40 UTC 2008 | 118 прегледи

Janis Joplin, Lita Ford ,Vixen ,Heart ,Meg White, Tarja Tarunen…Во листата на жени кои оставиле белег во рок/метал историјата и дури во некој дисциплини на овој машки спорт ги надминале своите колеги – “припадници на посилниот пол” од пред неколку години несомнено се вбројуба и “мажествената” лидерка на шведскиот death/thrash бенд Arch Enemy – Angela Gossow.Токму заради тоа долго време го презирав Arch Enemy погрешно сметајќи го за просечен и изживеан метал бенд чии обожавателки се разгалени тинејџерки лути на своите родители бидејќи за роденден не добиле како подарок остров :) (гледајте ја епизодата Christian Rock Hard од South Park),меѓутоа се чини конечно созреав доволно за прво да ги проверам фактите пред да расудувам и заклучувам, што резултираше со отфрлање на глупавата предрасуда наведена погоре.Не дека после слушањето на Anthems Of Rebellion сум најголем фан на Arch Enemy,но потполно ги разбирам посветените фанови на бендов.

Аnthems Of Rebellion е петтиот албум на Arch Enemy,или што е веројатно поважно втор од Gossow ерата ,после Wages Of Sin од 2000 (на него тогаш анонимната Angela прв пат го прикажува својот груб и моќен growl кој прилично успешно го маневрира и применува,а доаѓа како следбеничка на Johan Liiva со кој Arch Enemy ги издаваат Black Earth(1996),Stigmata(1998) и Burning Bridges(1999) ).Првата химна носи наслов Silent Wars и може да се смета за вистинска метал химна со моќен треш риф и текст во кој е без многу кружења и скриени пораки прикажана филозофијата на албумов(и неговиот кавер говори многу за ова)но која е и основа на легендарните албуми изведени од едни Black Sabbath, Iron Maiden ,Judas Priest или Metallica кои доведоа до дефинирање и диференцирање од другите жанрови на највозбудливиот,најискрениот и најмоќниот жанр – металот.Идејата на Arch Enemy и нивниот Anthems Of Rebellion е осудување на злото,алчноста,себичноста и манипулацијата на неспособните самопрогласени владетели на денешниот живот – ковачи на бесот и незадоволството на огромниот скриен гнев на денешната младина кој доведува до “тивка војна за ослободување”.Вресокот на Arch Enemy и Gossow е јасен,упатен до цел која носи правилна промена а аналогно на неа и правда и среќа но за чие остварување е неопходна болката и тешкотијата при вадењето на општествената маска која на поединецот му диктира ист лик,исти мисли (или поточно,го осудува мислењето)како и сите други,го облекува по свој терк,му ја наметнува својата егоистична филозофија и беспоентна музика,му наредува каков да биде,што да сака и за што да размислува,му го одзема сопствениот идентитет и правејќи го еднаков со сите индиректно му го одзема правото за свој живот.Меѓутоа,желбата за раскинување на овие синџири и повторно чуствување на глетката упатена кон сопствениот заборавен лик е голема и вечна, а кога е во прашање нејзиниот музички приказ,една од песните кои ќе останат запаметени како стисната и помодрена тупаница на незадоволството и која ќе биде спомнувана во ист контекст со Breaking The Law, Walk, Peace Sells или Killing In The Name е феноменалната “химна на бунтовањето” на Arch Enemy – We Will Rise.

Кај Аnthems Of Rebellion не ми се допаѓа што и како мн.модерни рок/метал албуми бендот не се трудел да направи заокружен и комплетен албум правен по извесен концепт туку се чини дека претставува колекција на десетина слични песни од кои некои се химни но пак други немаат никакво значење и се ставени “ради реда”.Најмногу ме воодушевува вокалот на извонредната и добро увежбана Gossow која ќе ви ги потисне сите сексистички предрасуди и која е вистински метал воин.Аrch Enemy можат да се опишат како фузија на едноставните и дисторзирани рифови и виртуозни но мудри солажи на Pantera,брзината и thrash духот на првата фаза но исто така и емотивноста на вториот период во кариерата на единствените Megadeth,мелодичноста и силата на Iron Maiden и сето тоа засладено со најбитната состојка – извонреден женски growl вокал што на бендот му дава свој trademark и наследство за идните генерации.Тапаните на Daniel Erlandsson се извонредни како и басот на Sharlee D’Angelo, додека јадрото на бендов – братското гитарско дуо Michael/Christopher Amott си е приказна са себе.Рифовите не се многу комплексни но се интересни и оригинални,а солажите се добро испланирани,мелодични и јасно определени без мн.простор за импровизација.
Ена од поинтересните песни на Anthems Of Rebellion е едноминутната акус.инструменталка Marching On A Dead End Road која потсетува на сонародниците на Arch Enemy – монументалните шведски прог дет металци Opeth. Интересно е што во ова песна се содржат емотивните мелодии од рефренот на една од најдобрите градбени единки на албумов – Dead Eyes See No Future (всушност,оваа идеја се провлекува низ цел албум – на We Will Rise Gossow пее Tear Down The Walls,на Dead Eyes See No Future – Marching On A Dead End Road и т.н.).Бендот максимално ги искористил бладодатите на модерната технологија применувајќи разни ефекти и трикови,дури и клавијатурата како затскриен елемент се провлекува низ цел албум а продукцијата е речиси совршена.

Поради правењето песни по шаблон без голема желба за експериментирање Arch Enemy мене лично не ме потресоа многу и не ме облеаа со којзнае каква инспирација,но факт е дека Anthems Of Rebellion е забавен и лесен албум кој може да се слуша дури и пасивно во секое време а чии химни се јасен и вистинит приказ на бунтот,незадоволството и фрустрацијата на оваа генерација и како такви во нив може секој да се пронајде и да ги запамти и гласно извика нивните стихови.

805

Листа на песни

1. Tear Down The Walls
2. Silent Wars
3. We Will Rise
4. Dead eyes See No Future
5. Instinct
6. Leader Of The Rats
7. Exist To Exit
8. Marching On A Dead End Road
9. Despicable Heroes
10. End Of The Line
11. Dehumanization
12. Anthem
13. Saints & Sinners