ТNBM ... ова е наједноставното објаснување за овој албум, вистински норвешки блек метал, суров, нескротлив, моќен и гневен. Албум кој се слуша во еден здив. Албумот наликува на епско дело, сите седум песни се поврзани во една неразделна целина. Part I е почетокот, а Part VII е крајот на песната-албум Nattestid Ser Porten Vid. Овој албум е прв од трилогијата која бендот ја осмислил како целина. Суровоста и атмосверичноста на звукот му дават една уникатност на ова дело кој не може да се види кај кој било друг бенд или албум иако атмосверичниот звук има допирни точки со звукот на бендовите од Вториот блек метал бран. Текстовите и музиката зборуваат за смртаа, корените, природата, Берген, Норвешка... дури и самата структура на албумот е во таков дух, седумте песни ги претставуваат седумте планини кои се наоѓаат околу Берген. Дека бендот се труди да остане доследен на корените е докажано и преку самите текстови кои се отпеани на норвешки, а истите се испишани со Футарх. Но вистинската моќ и вредност на текстовите може да се почувстува кога ке се слушнат моќните вокали кои надополнети со хорско пеење формират една симбилична целина специфична за духот на Тааке.
Албумот ќе им се допадне на сите оние кои го сакаат примитивниот блек метал звук и сите оние кои негуваат некакви патриотски чувства или пак љубов кон природата, примитивното, изворното... љубов кон корените, како и оние кои се доследни на viking/фолк металот.
Пред рајот да заплаче над Бјоргвин(Берген) порите на ноќта стојат широко отворени....