Рецензии / Nightwish - Once

10

Once and forever...

од Makedon (4 Рецензии)
Sat Sep 13 11:58:54 UTC 2008 | 287 прегледи

Once е последниот албум на Nightwish, албум кој ја завршува ерата на Тарја како член на бендот. Once е албум кој според многу Nightwish фанови е ремек дело на бендот, албум кој содржи во себе 13 песни и која секоја за себе си е посебна магична приказна само каква што Nightwish можат да исткаат, но секогаш е тука таа невидлива нишка која магично ги поврзува сите песни во една ангелска целина, раскажувајќи за многу приказни...

Сите песни песни во албумот би ги оценил со 10-ка бидејќи ова е најиновативниот и најинтересниот албум на Nightwish издаден после Angels Fall First. Но за разлика од првиот албум, во Once доминира пред се симфонискиот оркестар којшто во најголема мера ја раѓа магијата која ја зрачи овој албум.

Би ги издвоил спред мене најдобрите песни од албумот кои што ми оставија најголем впечаток:

-Dark Chest Of Wonders - првата песна која го отвара албумот со магичен почеток, каде што се спојуваат ангелската нежност и агресивните рифови. Таа енергија ке го следи и понатаму целиот албум кој е приказна самиот за себе.

-Wish I Had An Angel - втората песна од албумот во којашто Nightwish повторно меша елементи од други видови на музика, карактеристика на оваа песна е тоа што спаѓа во industrial metal, песна со моќен риф која како и првата песна е спој од нежност и агресивност.

-Nemo - третата песна од Once е несомнено најомилената помеѓу фановите на Nightwish. Самиот наслов Nemo на латински значи Никој. Приказна која чекори по мрачните патеки, дух којшто спие во ангелското дувло...Поезија отелотворена во мелодија...

-Planet Hell - четвртата песна од албумот чијшто наслов кажува многу за приказната. Planet hell ја носи енергијата на пеколот земјин, за човековите судбини кои чекорат по мистериозните земски патишта, во овој земски пекол...This world ain`t ready for The Ark...

-Creek Mary's Blood - магична нишка од уметност и поезија која во себе ја носи меланхолијата и тагата. Петта по ред на албумот, Creek Mary's Blood е вистинско ремек дело на албумот Once. Како гостин во песната гостува индијанецот John Two Hawks, којшто на својот јазик во песната ја опејува тешката епопеја на неговиот народ поробуван и убиван од белиот човек. За песната се карактеристичните индијански мотиви во музиката, типичниот вокал на гостинот и неговиот индијански инструмент со кои ве враќаат назад во древните времињата на една прастара култура и цивилизација.

-The Siren - приказна инспирирана од вистинска случка. A lady with a violin playing to the seals...Како што и Туомас ја раскажува приказната за жена којашто покрај морето свирејки на виолина ги поздравувала морепловците. Тој оваа магија ја идеализирал преку митот за сирената. Песна во којашто доминира ориенталниот звук и симфонискиот оркестар.

-Kuolema Tekee Taiteilijan или Death Makes Artists е единствената песна од албумот која е испеана на фински. Во оваа песна доминира тажниот длабок звук на виолончелото. Приказна за рајот создаден во соништата под ѕвезденото небо, во светот на уметникот...My own heaven I created here, Let me get away...

Овој албум е исполнет со магични и прекрасни приказни коишто само еднаш блеснуваат во полн сјај. Once and forever...

718

Листа на песни

01. Dark Chest Of Wonders
02. Wish I Had An Angel
03. Nemo
04. Planet Hell
05. Creek Mary's Blood
06. The Siren
07. Dead Gardens
08. Romanticide
09. Ghost Love Score
10. Kuolema Tekee Taiteilijan
11. Higher Than Hope