Мрачнокрвен страв обземен од темната симфонија која носи црни апокалиптични визии...Puritanical Euphoric Misanthropia e апокалапитчина симфонија, носејќи ја во себе енергијата на армакедонските моменти, кога доаѓа нултиот час на смртта... Симфонијата која доминира го лови моментот кога темнината паѓа, а крајот може да биде допред од нашите погледи...
Овој албум ... замислете детонација...која го гори вашето тело, ве напаѓа страшниот рој од никулците на смртта обвиен од бодликавата жица... темен крај!
Puritanical Euphoric Misanthropia се состои од 13 песни во кои доминира мрачната симфонијата, острите рифови и рептилскиот вокал на Шаграт којшто го напаѓаат мирот отелотворувајќи ја космичката битка помеѓу доброто и злото.
Песните се исполнети со рептилскиот страв, темен звук чиешто ехо оддекнува низ бекрајните космички простори, мизантропски визии за иднината...
Албумот започнува со песната Fear and Wonder, почеток на сетилните геноцидни напади кои навестуваат мизантропски апокалиптичен албум, демоски почеток во небесните рептилски храмови...
Енергијата на кулминира во песните кои според мене се најдобри од албумот: Kings Of The Carnival Creation, Architecture Of A Genocidal Nature, Puritania и Sympozium. Тие во себе го носат моментот на кулминација во небесната демонска битка, одекнувајќи длабоко во мрачните предели на вселенската пустина...
Одличен албум кој го доловува чувството за апокалиптичните визии и масовно уништување на светот, финална анихилација!