Еден од најочекуваните албуми во последните две години е секако и новиот албум на Најтвиш. Името најтвиш стана своевиден бренд и трејдмарк во светот, тој статус го добиja затоа што во вистинско време почнаа да комбинираат Power/Symphonic звук заедно со женски оперски вокал.Резултатот беше одличен а тоа и докажува за идниот успех и популарност на бендот, беше убаво и прекрасно се до светската турнеја 2004/2005 на која го промовираа својот тогашен актуелен албум "ONCE" кој ги проби границите на жанрот што бендот сам си ги постави, на крајот на таа турнеа бендот одлучува во иднина веќе да не соработува со Тарја. Несогласноста меѓу неа и бендот се дознава во отвореното писмо напишано од Туомас, Емпу,Марко и Јука. Во тек на другата година најтвиш прави аудиција во која избира нова форнтменка на бендот по име Анет олзон, Нејзиниот стил на пеење не е ни приближно сличем со стилот на Тарја,Некој дел од фановите ја прифати како достојна замена за тарја но некои дури и сега неможат да се помират со тоа дека веќе тарја не пее во Најтвиш.
Првиот тест беше песата Eva, нормално дека беше шок за секој, за некој во позитивна за некој во негативна смисла. Гласот на Anette Olzon тотално се вклопува во песната, но многумина се запрашаа како ке ги испее старите песни во кој треба оперски вокал...
Сега на ред доаѓа албумот Dark passion play....Се работи за многу моќен и тражен албум. Самиот лидер на бендот Tuomas Holopainen кажува дека овој албум му го спасил животот. Албумот сопјува многу одлични глазбени делови, дали тоa се работи за орекестар или за основен метал аранжман (Тапани,Гитара,Бас и клавијатура) Оркестар во овој албум е доведн до уште поголем нагласок и неговото присуство го држи албумот на високо ниво. Повеќето од пола песни без оркестар и синфоничен призвук губат на тежина и драматичност. Истот така албумот е и многу долг, трае околу сат и 15 минути, во него се забележува мала промена на стилот заради промена на вокалот се разбира но од главната страна никоја песна не е за во канта, секоја е посебна и квалитетна.. Надобра песна од овој албум според мене е Poet and the pendulum која е долга дури 13 минути и можам да кажам дека е една од најдобрите песни на Nightwish.Уште можам да ја издвојам и Bye bye beautiful каде што Марко се докажува како одличен пејач, исто така и Sahara е многу итересна песна.....Тешко е да се даде оценка за овој албум, но јас го гледам како посебен албум, мислам дека е право ремек дело