Рецензии / Unleashed - Hammer Battalion

10

"Чеканот Баталјон"

од MinaJunior (10 Рецензии)
Sat Sep 20 18:58:18 UTC 2008 | 61 прегледи

Hammer Battalion е издание кое му недостасува стариот звук на Unleashed. Можеби не е толку разочарувачки, но Unleashed покажуваат нешто ново во музиката, односно музика која ја немаше створено на предходните албуми.
Што се однесува до стилот на музиката, има неколку измени на кој има вметнато делови на треш метал, но само во некои песни од албумот, а преостанатите неколку песни се во стилот на Unleashed кои се послаби од предходните изданија. Но сепак ми беше големо задоволство да го слушнам Hammer Battalion, кој според мене не е толку разочарувачки. Како главен заклучок што го прави ова издание да има позитивни мислења, се гитарските солажи, кои се повеќе од одлични.

1. The Greatest Of All Lies
Има одличен ритам, а тоа што ми се допадна се тешките тапани и одличните рифови, кои создаваат прогресивен дет метал звук, а што се однесува до вокалот, тој е сосема одличен. А најубавото нешто во оваа песна е почетокот каде што има голем и одличен scream кој го создава вокалистот. Како за почеток, оваа песна е една од подобрите песни од ова издание на Unleashed.

2. Long Before Winter’s Call
Уште една солидна песна која има одлично темпо, јак и солиден почеток, а гитарите се нешто незаборавно, особено главното гитарско соло кое е многу агресивно, али е малку кратко. Исто така многу ми се допадна ритамот, на кој Unleashed имаат вметнато елементи на треш метал, а тоа е заклучокот што ја прави оваа песна одлична.

3. Your Children Will Burn
Започнува со одлични рифови, а потоа ритамот се забавува кој баш не ми се допадна, но потоа некаде на 1:35-та минута следува незаборавно соло кое е повеќе од одлично, едноставно го одзема целиот ваш здив.

4. Hammer Battalion
Песна која е со наслов исто како и албумот. Почетокот започнува со рифови, а ритамот е солиден кој подсетува на стариот Unleashed. Некаде на 1:30-та минута темпото на ритамот успорува и во текот од тој момент се движи одличната солажа, која остава голем впечаток и го одзема здивот. “Убивачка” песна дефинитивно.

5. This Day Belongs to Me
Започнува со бавен ритам. А рифовите се одлични, посебно гитарското соло кое е солидно како на солажите на предходните неколку песни. Ова е еден темен дет метал, кои Unleashed дадоа се од себе.

6. Marching Off to War
На почетните секунди песната започнува со одличен ритам кој има голема енергија и потоа содржи еден од најдобрите т.н. “болни” гитарски сола, кои стануваат навика на Unleashed во ова издание.

7. Entering the Hall of the Slain
Оваа песна има добар ритам, одлични рифови кои означуваат уште една така наречена “болна” солажа. Има голема агресивност во текот на целата песна, а особено најмногу на крајот на песната.

8. Black Horizon
Како и на почетната песна на овој албум на Unleashed, оваа песна започнува исто со солиден scream, но е малку пократок во споредба на sream-от на The “Greatest of All Lies”. Исто така се одлични и рифовите, а ритамот има доста промени. А потоа некаде пред крајот на песната има уште еден scream од страна на вокалистот. Одлична мрачна песна.

9. Carved in Stone
Започнува со бавен ритам, рифовите се одлични (кој се веќе познати). Вокалистот Hedlund во оваа песна изведува нешто побавен growl за разлика од передходните песни. Одлична песна

10. Warriors of Midgard
Почетокот е тивок на кој има акустична гитара, но по неколку секунди почнува познатиот ритам и познатите рифови на Unleashed. На оваа песна тапаните се нешто побрзи, гитарите се побрзи, а исто така оваа песна содржи и голема агресивност.

11. Midsummer Solstice
Почетокот е тоа што ми се допадна во оваа песна. Се карактеризира со одлични рифови и ритамот на музиката, но покрај нив се вбројува и краткото growl на вокалистот Hedlund. Солажата е веќе сосема одлична што е веќе познато. Едноставно се вбројува во одличните песни на Hammer Battalion.

12. Home of the Brave
Нешто побрза песна од овој албум на Unleashed, која се карактеризира со добро познатите гитарски солажи и рифови, тапани и ритамот на почетокот и во текот на песната.

13. I Want You Dead
И веќе еве ја и последната песна на Hammer Battalion, која е можеби најдобрата песна воопшто на ова издание. Почетокот започнува со брз ритам во кој има елементи на треш метал, гитарите се како на предходните песни (кратки рифови, одлични солажи). Ова е одлично завршување на Hammer Battalion, коj може да се смета за еден од подобрите албуми на Unleashed.

4624

Листа на песни

The Greatest Of All Lies
Long Before Winter's Call
Your Children Will Burn
Hammer Battalion
This Day Belongs To Me
Marching Off To War
Entering The Hall Of The Slain
Black Horizon
Carved In Stone
Warriors Of Midgard
Midsummer Solstice
Home Of The Brave
I Want You Dead