Рецензии / Therion - Secret Of The Runes

10

Патување низ световите на Нордиската Митологија...

од Phasmatis (5 Рецензии)
Sun May 25 23:12:16 UTC 2008 | 80 прегледи

Опера,Симфонија и Метал.Предизвикувачка комбинација,истовремено тешка и уникатна.Малку успеале,многумина се откажале.Овој албум на Терион,нуди нешто сосема ново,свежо,уметнички склопено во ремек дело што ќе се памети во историјата на металот.Но не само и металот,Терионовите граници за музика отидоа многу пошироко.И како такви уметници,овие генијалци покажаа многу како и за себе така и за целата метал сцена,и сцената на класичната музика.

Secret of the Runes како дело ги истакнува сите оние карактеристики на Терион,што ги наведов го воведува слушателот во една т.н екстаза на убавината на мелодичниот метал,силните вокали,и секогаш одличниот микс на хорови.
Овојпат,како и сите Терион теми,темата е 9те света во Нордиската Митологија.Можам со сигурност да кажам дека секоја нумера дава добра слика за секој свет кој е опишан,а слушањето на песните и истовремено читање на текстовите ќе ја надополнат атмосферата во ова грациозно патување што Терион го нудат со Secret of the Runes.

Албумот стартува со прологот Ginnungagap-Вечната празнина и дупка која дала здив и живот на сето нешто.Почетокот ми остави многу силен впечаток.
Стартувањето со спориот ритам,прецизното лупање,длабоката мелодија која е овертура на стартувањето на она што следува т.н отворање на Ginnungagap,проследено со микс од сопран,алт,тенори и басови.Хармонизиран хор во одличен склоп чии типови на гласови пасуваат еден со друг,го најавуваат застрашувачкиот почеток претопен во уметнички пролог.Мелодизираното хеви парче завршува така како што започна,со триумфален крај на повторувања на текстот.(Последниот дел од текстот е напишан на шведски,а остатокот на англиски).Веднаш после завршетокот на прологот,знаеме што да очекуваме од целиот албум.

Midgard е песна која ми остави исто така силен впечаток.Впечатливиот тежок глас на самиот почеток,еден интересен емоционален алт/сопран ја краси песната,проследена со рефрен кој има многу лесна мелодија и ред за помнење.
Крајот е одлично оутро за ваква песна,со бомбастично соло.
Asgard е речиси истото.Пренесува моќ,сила водена од соло пеење на сопран и тенор кои се надополнуваат на целата приказна,на крајот повторно стартува мирно,релаксирачко соло.Чевртата нумера Jotunheim одскокнува од "стандардниот "звук кој го нуди овој албум.Една од нумерите која нуди повеќе инструменти и експериментирање. Schwarzalbenhelm е една од најдобрите песни на овој албум.Атмосферата е прилично мрачна,моќна,мистериозна.Целата песна е испеана на германски,содржи прекрасни соло интерпретации на виолина и чело,а хорот го дава најдоброто од себе на оваа песна. Ljusalfheim-мирна атмосфера,смирувачка мелодија надополнета со шепоти.
Muspelheim е краток интерлидум,средина на албумот.Изобилува со машко хорско пеење,надополнува чудна атмосфера,а сопранот кој пее над нив е прекрасен.Подоцна целата напнатост се претвора во риф,вокали кои одат во версус.Ефектот на некој што збори под вода (лол како и да се нарекува ова)засмејува,но не ја упропастува песнава,напротив.Веќе со Nifelheim патувањето се приближува кон крајот.Стартува со извондредни изведби на скоро сите гласови алт,сопран,бас,тенори…интересен е оној детал на длабок глас кој се јавува на средината на песната,спомнувајќи митолошки имиња.Тапаните на оваа песна ме изненадија,звучат доста прогресивно ако не се лажам. Vanaheim-прекрасно дело.Моќна,енергична,мелодична.Виолината на почетокот која потцеќа фолк инспирација и акустичните гитари се одличен микс.Како и во секоја,хорските изведби се без грешка,на оваа повеќе впечаток оставаат машките вокали. Vanaheim е затворена од гитарско соло.
Патот е на својот крај. Helheim-Атмосферата не втурнува во царството на смрта,каде што владее ужасната Хел,и каде што богот Балдер престојува.
Машките гласови,повторуваат на почетокот "Heldrasil, O Heldrasil"…сопранот кој се јавува има прекрасна изведба.Моќно,гласно,мрачно,драматично.Како што е и целиот почеток.Следното,тенорското соло дава мирна драматична атмосфера,одлично отпеано претпратено од стрингови.
Secret of the Runes,албум по која песна го доби името.Солидна изведба на гитарите,вокалите ја полека губат моќта како на предходните нумери,но се сеуште тука,одлични како и секогаш.

Secret of the Runes,пред се е одлично дело.Мислам дека нема нешто што недостасува на овој албум.Сепак,различно нешто од предходните албуми на Терион,втор Тели или Вовин тука нема.Сосема нешто ново,уникатно.Доколку сте слушател на симфониски метал,опера,хеви метал,класична музика и сл овој албум нема да ве разочараа воопшто.Дизајнот е одличен,го води слушателот во тајните на руните,на световите,на мудроста на старите скандинавци,нивните верувања легенди и митови.Албумот е чисто духовно исполнување.Прочитајте ги и текстовите,за целиот "филм",визија да стане појасна=).Одлично парче на симфониски метал,искобиниран интелигентно со опера и доообри соло гитари,рифчиња.10ка!

670

Листа на песни

1. Ginnungagap (Prologue)
2. Asgard
3. Midgard
4. Schwarzalbenheim (Svartalfheim)
5. Jotunheim
6. Ljusalfheim
7. Vanaheim
8. Nifelheim
9. Muspelheim
10. Helheim
11. Secret Of The Runes (Epilogue)
12. Crying Days (Remixed)
13. Summernight City (Remixed)