Звучи доста моќно на прв поглед, но по подолго преслушување доаѓате до заклучок дека ова не се Evergrey што ги знаеме. Користат доста погруба дисторзија што на моменти звучи добро, но сепак ако сте ги слушале нивните претходни изданија очигледна е разликата...
Вокалот Tomas S. Englund си ја врши својата работа подобро од секогаш, има доста добра боја на гласот. Песниве на албумов мене ми звучат како да се правени по една слична шема, нема некоја разновидност, но сепак е добро освежување после Monday Morning Apocalypse, издание кое не ми остави баш најдобар впечаток... Иако Tomas стварно пее со чувство на повеќето од песните, ко и секогаш и има доста инспиративни солажи, искрено со овај албум Evergrey не допреа до ушите на сите фанови кои беа навикнати на добриот стар звук на Evergrey, во претходните нивни изданија како In Search of Truth или пак Solitude Dominance Tragedy...
Како и да е секој албум има свои предности и негативности така што овој неможе да биде исклучок. Неколку од подобрите ствари на албумов според мене се : Broken Wings, When Kingdoms Fall, Torn, These Scars... Почетоков на албумов т.е првата трака има доста добар и моќен влез со тешки рифови и добра клавијатура во позадина. Песните што следат како што кажав се слични една на друга но сепак добри во принцип. Исто и со завршетокот, вметнале и женски вокал со цел малку да се разбие монотонијата пред крај и да се комплетира делово на најдобар начин.
Во секој случај моја најголема почит за Evergrey и да се надеваме дека со нивниот следен проект што би се рекло "ќе не изват од кондури". :) За некого можеби ке звучи претерано но од мене една 8ка за Torn...