Рецензии / Metallica - Death Magnetic

7

(Не)враќање во старите времиња

од MinaJunior (10 Рецензии)
Sun Sep 07 19:23:35 UTC 2008 | 112 прегледи

Во споредба со предходниот албум "St'Anger", може да се каже дека "Death Magnetic" е далеку
подобар. Звукот на тапаните е веќе решен проблем, кој во предходното издание звучеше
недоволно "зрело" во споредба со новиов албум. При слушањето на ова издание забележав мала
слабост на квалитетот на вокалот, а тоа значи дека James е далеку далеку со послаби
вокалски можности, не е како во старите времиња. Тоа е еден мал "минус". Дефинитивно му
недостасува Cli, али можам да признаам дека задоволен сум од целиот овој албум. Ова издание представува еден мал здив за фановите на Metallica.

1. That Was Just Your Life
Почетокот на оваа песна ми звучеше комплетно враќање на Metallica, но во преостанатиот дел
имаше комплетен пресврт во ритамот (со исклучок на некои делови). Тоа што не ме задоволи е тоа што има на моменти многу "дрнкајње" (што ме асоцираше на New Metal).

2. The End of the Line
СПоред мене, песнава е една од послабите песни од ова издание. Исто и оваа има некои делови
што звучи на онај правиот "треш", али не е тоа што треба да биде.

3. Broken, Beat & Scarred
Нешто подобра песна од албумот која можда малку од малку допира до "треш".

4. The Day That Never Comes
Ова е прилично добра песна, која представува како балада до одреден период од моето
преслушување, али понатаму е многу "јака" и сум задоволен. Ја сметам како добра песна од
ова студиско издание на Metallica.

5. All Nightmare Long
Како и на предходните некои песни кои подсеќаа на добриот стар "треш" на Metallica, може да
се вметне и оваа песна која исто така на некои периоди стварно е добра, али не е целосно
задоволителна.

6. Cyanide
СПоред мое мислење, оваа песна не ми се допаѓа воопшто (прав new метал, што ме нервира до крајност).

7. The Unforgiven III
За разлика од предходните Unforgiven и Unforgiven II, дефинитивно има голема слабост.

8. The Judas Kiss
Ова е нешто така подобро песна, се трудат баткиве да сторат нешто ама никогаш нема да бидат
посакувани како во нивните млади години.

9. Suicide & Redemption
Дефинитивно ова не е Metallica.

10. My Apocalypse
Единствената песна за која можам да кажам дека стварно вреди. Прав "треш", со што оваа песна
го прави албумот како враќање на Metallica како што сакаат фановите. Најдобрата песна од ова издание, која е единствена толку добра. Секоја чест за оваа песна. Оценка чиста 7-ка.

5838

Листа на песни

That Was Just Your Life
The End of the Line
Broken, Beat & Scarred
The Day That Never Comes
All Nightmare Long
Cyanide
The Unforgiven III
The Judas Kiss
Suicide & Redemption
My Apocalypse