...2002ра.16ти Август.25 годишнина од смртта на кралот на рок музиката.Рок-метал натписи во весници и магазини.Примарен извор на податоци за музичките случувања во светот.Пубертет. Темава ја отворам со цел да ве запрашам вас,дали некој од вас се занимавал со било какво рок-метал колекционерство…. Почнав кога имав 14 години.Купував весници и магазини и ги режев натписите кадешто имаше некој податок за некоја група,некое случување,свирка и ги бележав со дата и година и ги ставав во фиока. По некое време се насобраа многу изрежоци,така да решив да ги класифицирам,за секој бенд одделно. Така и направив. Натписите(има многу и по цели страници А4 формат) ги ставав во папки и ги редев во мојата соба…. Сето тоа траеше до 2006та….матура…факултет…. Темава е дадена се со цел да се види колку и какви “рок-метал“ колекционери има во Македонијава… Во блиска иднина планирам да скенирам некој од натписите(тоест сите,но не наеднаш,хронолошки,па ќе ги закачам на нет на некој од моите блогови) и ќе ви дадам линк да погледнете што правел creeper во раниот пубертет :)
Sucker Love Is Heaven Sent You Pucker Up Our Passions Spent
Многу поштувам колекционерство! Инаки јас лично сум колекционер на метал и воопшто на добра музика. Тоа ми е навика уште кога на времето собирав ленти. Па потоа цедиња и на крај да завршам на mp3. Тоа ми стана главна занимација покрај задолжителните обврските. Може да се каже дека и се навлеков ко зависник на собирање музика.
Доколку некој е расположен за размена на мp3 еве го мојот каталог линк , Се отвора со “Where Is It” пишете приватна порака.
Хехе… :) Одлична тема. Пред се затоа што за мене колекционерството претставува огромна страст, иако не сум секогаш во можност да си допуштам некои работи…
Колку беа прекрасни оние времиња кога во 6-7-8 одделение одев дури до Скопје да најдам некој албум во Југотон, или купував касети за да го преснимам од некој другар што веќе го поседува… го нарачував на оригинал преку роднини од Канада затоа што тука сеуште не беше толку експлоатиран интернетот и се немаше достапност на се живо и диво како денес…
А еве, веќе изминаа 7 години и технологијата енормно брзо отиде напред… Денес имам над 1000 албуми на mp3. Можеби не е некоја огромна бројка во споредба со тоа какви „фрикови“ постојат, но сепак е доволен доказ за тоа колку во денешно време работите се изменети.
Сепак, сеуште се обидувам да го задржам тој „колекционерски дух“ и секогаш кога имам можност купувам оригинални CD-а, од македонски автори задолжително, поретко од странски. Имам еден добар список, не многу голем, со околу 30-тина албуми кои ми се „легендарни“ и би сакал да ги поседувам оригиналите, па полека-полека си ја остварувам таа желба, иако списокот континуирано си расте. :)
Последно што ми стигна од преку Океанот е: Orphaned Land – Mabool Ihsahn – angL Keep of Kalessin – Kolossus
И иако овој „спорт“ е доста луксузен, верувајте, вреди да се поседуваат овие три изданија. Не само затоа што имаат прекрасен дизајн и буклетите ти создаваат цел еден нов свет, те внесуваат во своите приказни кога ги отвараш, туку и заради звукот. Споредба нема – mp3-то како најлоша компресија не може НИ МАЛКУ да се мери со звук од оригиналка…
Денес верувам дека поголем дел од поновите генерации металци го слушаат металот со помала страст отколку оние постарите… не затоа што не поседуваат информираност за музиката, туку заради тоа што со достапноста на проклетиов интернет многу побрзо се изгустируваат работите и не се онака слатки како порано… Токму затоа се обидувам во последно време да избегнувам download на секакви работи и секогаш се обидувам да ги класифицирам работите по приоритет…
Еве еден чист пример… Кога излезе Into The Abyss од Hypocrisy (а веста ја дознав од некој метал фанзин или списание, не ми текнува точно), веднаш почнав да правам напори да го најдам албумот и ми требаше точно 1 месец да стигнам до него. Имено, превртувајќи го Скопје и не наоѓајќи ништо, успеав да го ископам од кај еден другар кој имаше нарачано оригинал касета од албумот, со тоа што го преснимив и веднаш потоа и јас го нарачав и тоа повторно на касета, не затоа што немав CD-плеер, ами затоа што ептен ми беше мераклиско слушањето на ленти. :) Но, штом ми стигна албумот од Бугарија веднаш некој ми го „штави“ и го снема заувек…
Пред 2-3 дена излезе Death Magnetic од Metallica и веќе нема кој го нема. :)
Јас ке се надоврзам на темата колекционерство, но на Панк колекционерството. Тука по дома уште си ги чувам неколкуте тетратки од 6то одд во кои ги лепев исечоците од натписите во весници и во списанија. Тука ми се и големиот број на Касети(мислам дека се 100тина) од кои 10тина беа оргинали порачувани од странство.Исто така и неколку плочи кои ми се донесени од странство.
Да да и се радувам,ова колекционерство ке прерасне мн мн мн големо пошто во наследство од најстариот Охридски панкер Перо ке ги добијам 300те касети и 100тици ленти. Човекот е жив но сакат да му ги подарит на некој што ја почитуват таа ои/стреет музика и идеологогија со нагласок да ги дам во наследтство после 15тина година исто на некој помлад панкер што ке ги чува и негува.
Тоа ти е тоа….
За оргинални цдеа….неам нешто посебно да кажам(иам доста мкд оргинални)и по некое странско…не поштувам мп3 иако последно време почнав да користам но…мн мн малце…ке глеам да искоренам пошто мн ми глупо…Имат луге со 100000000 гига музика која воопшто не ја слушаат. Поубаво е да имаш 100 гига преслушана !!!
Некое мое лично мислење е дека како што за рокот е плочата, така за металот е лентата или касетата. Нај јак филинг е да слушаш метал на лента и картонски звичници (а не на гумени и не од компјутер). Уште ми се дешава да ме фати носталгија и да си пуштам некоја касета на вокменот и да си ја преслушам онака од почеток до крај. Иако го знам секој риф и секој удар на памет. Тие албуми што ги имам на касети никако да ми здосадат, додека албуми на mp3 многу брзо ми здосадуваат. Незанм зошто :)
Иако имам доста музика на mp3 спеак многу ми по јако коа слушам музика на касета. Тогаш буквално го доловуваш целот шмек на албумот како целона. Инаку имам околу 150 касети од кој нај мила ми е Repulsion – Horrified кое ми е во оригинално издание.
Што се однесува до оригинални изданиа гледам да ги имам сите од македонските бендови. Додека од странски бендови многу ретко ми се наога.
С компютрите и мр3 умря романтиката на метал колекционерството. Като бях малък си спомням, че пестях пари от закуски – цяла седмица гладуване за да мога накрая да си купя аудио касетка :) имам към 200 касети, които отдавна не съм слушал, много от тях са презаписвани, някои ги бях откраднал от родителите на “Югофолк 93” бяха повечето, всички ги избрисах и записах метал отгоре :))
Инаку да се надоврзам на муабетот, да не речете спамер е овој. Се почна кога негде 3то одд ги најдов старите плочи на мајка ми и вујковците. Рибља Чорба, Бјело Дугме, Парни Валјак, Џими Хендрикс, Лед Зепелин и што уште не….. Преслушувајки ги нив, влегувајки полека во светот на рок музиката, негде кон 5то/6то одд ги пронајдов Iron Maiden & WASP. Од тогаш почна таа фама за колекционерство, Низ годиниве се менува начинот. Касети собирав дур не појдоф во средно (негде околу 50тина ми останаа само…), ЦДЊА купувам до ден денешен (претежно со Македонски изданија, имам се од Санаториум навака, но и неколку бендови од странство кои ми оставиле впечаток), мп3ки/ДВДа на кои бројам над 1200 албуми, метал фанзини/магазини (Вампир, Ноктурн, Shrumken & Mummified, Metal Hammer…), плакати/флаери/карти од сите свирки на кои сум бил (а верувајте ми ги има МНООООГУ), филмови (поврзани со метал или не, без разлика), па се до собирање на маици/блузони…
Two hundred years you’ve been rotting in this grave And now you will awaken to become a willing slave Injecting numbskull, your brain begins to boil Your body quivers in the funeral soil Replacing spinal fluid, sucking at our drool Your afterlife is over, welcome to your life with Ghoul!!!
...2002ра.16ти Август.25 годишнина од смртта на кралот на рок музиката.Рок-метал натписи во весници и магазини.Примарен извор на податоци за музичките случувања во светот.Пубертет.
Темава ја отворам со цел да ве запрашам вас,дали некој од вас се занимавал со било какво рок-метал колекционерство….
Почнав кога имав 14 години.Купував весници и магазини и ги режев натписите кадешто имаше некој податок за некоја група,некое случување,свирка и ги бележав со дата и година и ги ставав во фиока.
По некое време се насобраа многу изрежоци,така да решив да ги класифицирам,за секој бенд одделно.
Така и направив.
Натписите(има многу и по цели страници А4 формат) ги ставав во папки и ги редев во мојата соба….
Сето тоа траеше до 2006та….матура…факултет….
Темава е дадена се со цел да се види колку и какви “рок-метал“ колекционери има во Македонијава…
Во блиска иднина планирам да скенирам некој од натписите(тоест сите,но не наеднаш,хронолошки,па ќе ги закачам на нет на некој од моите блогови) и ќе ви дадам линк да погледнете што правел creeper во раниот пубертет :)
Sucker Love Is Heaven Sent You Pucker Up Our Passions Spent
Многу поштувам колекционерство! Инаки јас лично сум колекционер на метал и воопшто на добра музика. Тоа ми е навика уште кога на времето собирав ленти. Па потоа цедиња и на крај да завршам на mp3. Тоа ми стана главна занимација покрај задолжителните обврските. Може да се каже дека и се навлеков ко зависник на собирање музика.
Доколку некој е расположен за размена на мp3 еве го мојот каталог линк , Се отвора со “Where Is It” пишете приватна порака.
Хехе… :) Одлична тема. Пред се затоа што за мене колекционерството претставува огромна страст, иако не сум секогаш во можност да си допуштам некои работи…
Колку беа прекрасни оние времиња кога во 6-7-8 одделение одев дури до Скопје да најдам некој албум во Југотон, или купував касети за да го преснимам од некој другар што веќе го поседува… го нарачував на оригинал преку роднини од Канада затоа што тука сеуште не беше толку експлоатиран интернетот и се немаше достапност на се живо и диво како денес…
А еве, веќе изминаа 7 години и технологијата енормно брзо отиде напред… Денес имам над 1000 албуми на mp3. Можеби не е некоја огромна бројка во споредба со тоа какви „фрикови“ постојат, но сепак е доволен доказ за тоа колку во денешно време работите се изменети.
Сепак, сеуште се обидувам да го задржам тој „колекционерски дух“ и секогаш кога имам можност купувам оригинални CD-а, од македонски автори задолжително, поретко од странски. Имам еден добар список, не многу голем, со околу 30-тина албуми кои ми се „легендарни“ и би сакал да ги поседувам оригиналите, па полека-полека си ја остварувам таа желба, иако списокот континуирано си расте. :)
Последно што ми стигна од преку Океанот е:
Orphaned Land – Mabool
Ihsahn – angL
Keep of Kalessin – Kolossus
И иако овој „спорт“ е доста луксузен, верувајте, вреди да се поседуваат овие три изданија. Не само затоа што имаат прекрасен дизајн и буклетите ти создаваат цел еден нов свет, те внесуваат во своите приказни кога ги отвараш, туку и заради звукот. Споредба нема – mp3-то како најлоша компресија не може НИ МАЛКУ да се мери со звук од оригиналка…
Денес верувам дека поголем дел од поновите генерации металци го слушаат металот со помала страст отколку оние постарите… не затоа што не поседуваат информираност за музиката, туку заради тоа што со достапноста на проклетиов интернет многу побрзо се изгустируваат работите и не се онака слатки како порано… Токму затоа се обидувам во последно време да избегнувам download на секакви работи и секогаш се обидувам да ги класифицирам работите по приоритет…
Еве еден чист пример…
Кога излезе Into The Abyss од Hypocrisy (а веста ја дознав од некој метал фанзин или списание, не ми текнува точно), веднаш почнав да правам напори да го најдам албумот и ми требаше точно 1 месец да стигнам до него. Имено, превртувајќи го Скопје и не наоѓајќи ништо, успеав да го ископам од кај еден другар кој имаше нарачано оригинал касета од албумот, со тоа што го преснимив и веднаш потоа и јас го нарачав и тоа повторно на касета, не затоа што немав CD-плеер, ами затоа што ептен ми беше мераклиско слушањето на ленти. :) Но, штом ми стигна албумот од Бугарија веднаш некој ми го „штави“ и го снема заувек…
Пред 2-3 дена излезе Death Magnetic од Metallica и веќе нема кој го нема. :)
MARAS @ MySpace

ARKONIAN @ MySpace
АЛАТИР КРУЖОК @ MySpace
ГОСПО @ MySpace
Каролина Гочева SEX TAPE!!!
Јас ке се надоврзам на темата колекционерство, но на Панк колекционерството.
Тука по дома уште си ги чувам неколкуте тетратки од 6то одд во кои ги лепев исечоците од натписите во весници и во списанија.
Тука ми се и големиот број на Касети(мислам дека се 100тина) од кои 10тина беа оргинали порачувани од странство.Исто така и неколку плочи кои ми се донесени од странство.
Да да и се радувам,ова колекционерство ке прерасне мн мн мн големо пошто во наследство од најстариот Охридски панкер Перо ке ги добијам 300те касети и 100тици ленти. Човекот е жив но сакат да му ги подарит на некој што ја почитуват таа ои/стреет музика и идеологогија со нагласок да ги дам во наследтство после 15тина година исто на некој помлад панкер што ке ги чува и негува.
Тоа ти е тоа….
За оргинални цдеа….неам нешто посебно да кажам(иам доста мкд оргинални)и по некое странско…не поштувам мп3 иако последно време почнав да користам но…мн мн малце…ке глеам да искоренам пошто мн ми глупо…Имат луге со 100000000 гига музика која воопшто не ја слушаат.
Поубаво е да имаш 100 гига преслушана !!!
Kada Je zakon Nepravda Nasha Obavjeza Je OTPOR!!!
www.myspace.com/fadetoblackohird
www.myspace.com/komunalnahigena
Некое мое лично мислење е дека како што за рокот е плочата, така за металот е лентата или касетата. Нај јак филинг е да слушаш метал на лента и картонски звичници (а не на гумени и не од компјутер). Уште ми се дешава да ме фати носталгија и да си пуштам некоја касета на вокменот и да си ја преслушам онака од почеток до крај. Иако го знам секој риф и секој удар на памет. Тие албуми што ги имам на касети никако да ми здосадат, додека албуми на mp3 многу брзо ми здосадуваат. Незанм зошто :)
Иако имам доста музика на mp3 спеак многу ми по јако коа слушам музика на касета. Тогаш буквално го доловуваш целот шмек на албумот како целона. Инаку имам околу 150 касети од кој нај мила ми е Repulsion – Horrified кое ми е во оригинално издание.
Што се однесува до оригинални изданиа гледам да ги имам сите од македонските бендови. Додека од странски бендови многу ретко ми се наога.
С компютрите и мр3 умря романтиката на метал колекционерството. Като бях малък си спомням, че пестях пари от закуски – цяла седмица гладуване за да мога накрая да си купя аудио касетка :) имам към 200 касети, които отдавна не съм слушал, много от тях са презаписвани, някои ги бях откраднал от родителите на “Югофолк 93” бяха повечето, всички ги избрисах и записах метал отгоре :))
Инаку да се надоврзам на муабетот, да не речете спамер е овој.
Се почна кога негде 3то одд ги најдов старите плочи на мајка ми и вујковците. Рибља Чорба, Бјело Дугме, Парни Валјак, Џими Хендрикс, Лед Зепелин и што уште не….. Преслушувајки ги нив, влегувајки полека во светот на рок музиката, негде кон 5то/6то одд ги пронајдов Iron Maiden & WASP. Од тогаш почна таа фама за колекционерство,
Низ годиниве се менува начинот. Касети собирав дур не појдоф во средно (негде околу 50тина ми останаа само…), ЦДЊА купувам до ден денешен (претежно со Македонски изданија, имам се од Санаториум навака, но и неколку бендови од странство кои ми оставиле впечаток), мп3ки/ДВДа на кои бројам над 1200 албуми, метал фанзини/магазини (Вампир, Ноктурн, Shrumken & Mummified, Metal Hammer…), плакати/флаери/карти од сите свирки на кои сум бил (а верувајте ми ги има МНООООГУ), филмови (поврзани со метал или не, без разлика), па се до собирање на маици/блузони…
Two hundred years you’ve been rotting in this grave
And now you will awaken to become a willing slave
Injecting numbskull, your brain begins to boil
Your body quivers in the funeral soil
Replacing spinal fluid, sucking at our drool
Your afterlife is over, welcome to your life with Ghoul!!!
Ma да колекционерството кај многумина преминува во страст. И не само кон музика. Али и пак би рекол секогаш квалитет пред квантитет!
Sold my soul to change my life !
Jas imam prijatel sto sobira najobicni kamcina,znaci sakam da kazam kolekcieonerstvoto e pred se strast kon nesto i toa podsvesna.
ZIVOTOT E SE ONA STO NE SI GO ISPLANIRAL.JOHN